Волшебникот од Оз на Театар Куманово ја освои најмладата кривопаланечка публика

Најновата претстава за деца „Волшебникот од Оз“ на Театарот од  Куманово, која се одигра синоќа на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, предизвика силни впечатоци и овации кај најмладата публика која активно учествуваше во театарската игра.

Младата актерска екипа ги освои најмладите со одлично одиграните улоги на лавот, плашилото, лошата и добрата вештерка, лимениот дрвосечач, волшебникот од Оз и главниот лик – девојчето Дороти.

Улогите ги играа: Никица Јанковски, Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ и Сања Русевска.  Режијата е на  Бојана Краљевска Стојков.

Театарската вечер за деца е дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата 2024” и Кривопаланечко културно лето.

Големина на фонт
Контраст