Музичка вечер  со The Fender‘s  во Крива Паланка

Kривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“ продолжуваат утревечер, 19 јуни, со музичка вечер на која ќе настапи групата The Fender‘s .

Концертот ќе се одржи на летната сцена на Градскиот  плоштад во Крива Паланка, со почеток во 20,00 часот.

Настапот на The Fender‘s  е музичко поп-рок освежување за младите од Крива Паланка , кои ќе можат да се дружат со  Дејан Здравковски, вокал и гитара, Дејан Илиевски, бас гитара и Јоцо Арсевски на тапани.

Ова е една од првите музички вечери ова лето што се на културната програма наменета за младите и љубителите на музичката уметност.

Големина на фонт
Контраст