Утрово извршено трето авионско прскање против комарци, попладне следува прскање од земја

Рано утрово, во периодот од 5 до 6 часот, на територијата на Општина Крива Паланка е извршено третото авионско прскање против комарци за 2024 година.

Покрај ова, за заштита на населението од комарци и други инсекти, попладнево, во периодот по 19 часот ќе се изврши и терестијално прскање.

Денес во општината се организира двојно прскање против комарци, терестијално и авионско.

Поволните временски услови утрово овозможија успешно да се спроведе авио-прскањето, додека земјена дезинсекција ќе се реализира попладнево.

Терестијална дезинсекција ќе се изврши во централното градско подрачје во реонот на:  градски плоштад, градски парк и речно корито во областа кај градскиот парк.

Поради тоа, апелираме граѓаните да избегнуваат задржување на посочените локации, со цел успешна и непречена реализација на терестијална дезинскеција и заштита на населението од комарци.

Големина на фонт
Контраст