Уредено ново, модерно детско катче во градскиот парк 

Во градскиот парк во Општина Крива Паланка на површина од околу 180 метри квадратни уредено е ново детско игралиште, поставени се урбана опрема и реквизити за дечиња.

Градскиот парк е разубавен и опремен, збогатен со нови содржини за најмладите.

Дечињата од градот и најмладите посетители на општината можат да се дружат и забавуваат на новоуреденото детско игралиште со гумирана подлога по високи стандардни за безбедност, а на теренот се поставени мултифункционален детски реквизит со куќичка, лизгалки, клацкалки и лулашка.

Уредување е извршено во рамки на Развојната програма за 2024 на Општина Крива Паланка со која се издвоени 30.000.000 денари за уредување 10 детски катчиња надополнети со спортски терени во повеќе населби во градот.

Големина на фонт
Контраст