Одржан форум за еднаквост и различност

Општина Крива Паланка во партнерство со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Полио плус и Асоцијација за демократски иницијативи на 25.07.2024 во општинската сала во општина Крива Паланка одржа Форум за еднаквост и различност.

Овој настан е дел од серија на Форуми за еднаквост и различност со цел да се поттикне инклузивноста и да се адресираат релевантни прашања во нашите заедници.

На Форумот се презентираа наодите и препораките од проектното истражување на општинските програми и буџети во насока на борба против дискриминација во општина Крива Паланка и инкорпорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и лицата со попреченост во општината Крива Паланка.

Првиот Форум беше одржан на 26.03.2024 година кој имаше за цел консултација со граѓаните на темите родова рамноправност, борба против дискриминација и инкорпорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост. На Форумот присуствуваа лица со попреченост, лица од граѓанскиот сектор, и стручни лица од институции на локално ниво. Присутните беа и дел од проектното истражување со пополнување на прашалници  за општинските програми  во насока на борба против дискриминација и инкорпорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и лицата со попреченост.

Форумите за еднаквост и различност се дел од проектот “Од несвесни за различностите во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост” финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, спороведуван од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Полио плус и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар.

Големина на фонт
Контраст