На програмата на Кривопаланечко културно лето и на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“, вечерва е настапот на музичкиот состав Duo Bright, кој ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад, со почеток во 20,00 часот.
Музичката вечер е посветена на поп-рок музиката, а ќе настапат музичарите Марио Марков и Кристијан Николов на гитара.
Младите музичари досега настапувале во Турција, Швајцарија и во Македонија и во подготовка се повеќе нивни авторски дела.
Музичката вечер се реализира во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.