Концертот на КУЗ„Фолкористи“  – фолклорен спектакл за верната публика

Бројната публика уживаше во богатството на народната музика и традиционалните ора на концертот на КУЗ „Фолклористи“, кој се одржа на Плоштадот „Карпошово востание“, во рамки на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

На коцертот учествуваа  голем број млади играорци , кои со сплетот на кореографии, автентични носии и придружувани од  оркестарот,  оставија силен впечаток кј публиката која ги награди со силни аплаузи.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, им заблагодари на членовите и ентузијастите од КУЗ „Фолклористи“ за промоцијата и негувањето на традицијата и кривопаланечкиот фолклор, но и на верната публика за нејзината поддршка на сите културни манифестации.

„ Верувам дека во изминатиот период се она што го понудивме како културна програма не прави горди, среќни и  задаволни, но верувам дека и она што следува во месец август, а тоа се големите фестивалски случувања, Крива Паланка  ќе ја направат поразлична од сите други градови. Ќе понудиме одлична програма, од 20-22 август ќе го имаме Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким  Осоговски“ збогатен со Фестивал на храна кој по  вторпат ќе го организираме, на 23 и 24 август следува  11-то  издание на Џој фест, на 25 август имаме еден убав настан насловен „Македонијо во срце те носиме“, додека на 28 август ќе организираме извонреден музички спектакл“, најави Митовски.

И на овој концерт фолклористите  создадоа незаборавна атмосфера која ја отслика  убавината на фолклорните обичаи.

Големина на фонт
Контраст