Се одржа мултимедијалниот  настан „Уметност и музика“

Со мултимедијлниот настан „Уметност и музика 2024“ во организација на Градскиот музеј Крива Паланка, беше крунисана работата со младите на тимот од музејот  обединувајќи ги различните изрази на ликовна уметност.

Настапот на “Гордан Спасовски трио” го збогати настанот, а директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, Драган Величковски,рече, втора година по ред уметноста се доближува до младите генерации.

– Она што го правиме има цел да ја доближиме уметноста до младите, до луѓето што ќе ги негуваат културата и уметноста на Крива Паланка и после нас и ќе ја шират низ универзумот, рече Величковски.

Изложени се делата на младите уметници од градот работени под менторство на нашите врвни академски сликари, графичари и скулптори: Нела Јанковска, Анета Стојчевска, Роберт Цветковски и Стефан Младеновски и ќе останат во постојаната збирка на Градската галерија при Музејот на Крива Паланка.

-Публиката му дава посебна вредност и значење на творештвото, бидејќи уметноста, доколку нема посетители, ќе биде  изолирана – како да не постои. Затоа, ви благодарам на сите присутни вечерва што со вашата поддршка му давате посебна важност на вечерашниот настан, рече Ѓорги Костовски, историчар на уметност во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Настанот е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст