Утревечер, со почеток во 20,00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад, ќе се одржи целовечерен концерт на „Дејви бенд“, во рамки на Кривопаланечкото културно лето и манифестацијта „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Извонредниот вокал на Дејви Зекиров и неговите музичари нудат одличен музички избор за публиката во Крива Паланка и ветуваат музичка вечер за забава на сите.