“Гига Фест 2024”, филмска проекција на музички документарен филм од Јане Алтипармаков

На третата фестивалска вечер од мултимедијалниот фестивал “Гига Фест 2024” пред кривопаланчани, присутни пред платото на Градскиот музеј Крива Паланка, беше проектиран долгометражниот музички документарен филм “The Hip-Brainstorm” во режија на Јане Алтипармаков.

Станува збор за документаристичко ремек-дело, задолжителна филмска лектира за љубителите на музиката и филмот.

Станува збор за долгометражен музичко-документарен филм , автор на оригиналната идеја на „The Hip – Brainstorm“ е Љубиша Петрушевски, продуцент и монтажер  Михаил Димитров, звучниот дизајн е на Валентин Видовиќ.

Директор на фотографија е Наташа Гелева, снимател е Ања Илиева. Клементина Ристовска, модераторот на вечерта, на крајот од проекцијата ги воведе во интеракција присутните преку дискусија со режисерот и продуцент на филмот и приреди уште една несекојдневна вечер на Манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”  и “Кривопаланечко културно лето”.

Јане Алтипармаков е филмски работник, музички критичар, арт-теоретичар. Потписник е на стотина текстови од областа на филмот, независната музичка сцена и културата, објавени во бројни домашни магазини, дневни весници и портали.

Како режисер и продуцент се потпишува на повеќе документарни филмови, кратки форми и видеозаписи. Добитник е на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена (The Hip-Reality Overdrive), и на специјалната награда за музички филм (The Hip-Brainstorm). Работи и како фото-документарист, а ова беше прво запознавање на кривопаланечката публика со неговото творештво.

“Гига Фест” продолжува со уште неколку активности во овој месец, а на програмата на “Крива Паланка -Град на културата” вечерва следува музичка вечерва со целовечерен концерт на “Дејви Бенд”, утре е свечената прослава во чест на 2 Август, Илинден, додека наредната недела следуваат промоција на две книги од Благица Велковска и целовечерен концерт на КУЗ”Карпош”.

 

Големина на фонт
Контраст