Започна пријавувањето за “Фудбал за сите 2024”

Општина Крива Паланка и годинава ќе биде покровител на манифестацијата “Фудбал за сите” што ќе се одржи кон крајот на месецот, а пријавувањето започна и трае до 16 август.

Ја најавуваме омилената спортска летна фудбалска дружба за најмладите, “Фудбал за сите” што и годинава под покровителство на Општина Крива Паланка во период од пет дена, од 19 до 23 август, на градскиот стадион на едно место ќе обедини повеќе од двесте млади љубители на спортот. Оваа година манифестацијата ќе се реализира во соработка со Општински сојуз на училишен спорт Крива Паланка.

Сите дечиња на возраст од 6 до 11 години можат да се пријават за учество кај одговорните од Општинскиот сојуз на училишен спорт Крива Паланка, Жаклина Јовановска и Билјана Јовановска.

Општина Крива Паланка продолжува со низата активности со кои уште еднаш јасно се потврдува дека е град пријател на младите и спортот.

Големина на фонт
Контраст