Вечерва, 7 август, со почеток во 20,00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад ќе се одржи забава со кловнот Кристијан Бенито.
Овој познат аниматор е популарен и омилен кај децата, но и кај возрасните по своите акробации и забавни точки и секогаш собира бројна публика. И вечерва се очекува забава со многу возбуда, смеа и аплаузи.
Настанот е во организација на Општина Крива Паланка и е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестцијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.