ОТВОРЕН ДЕН ЗА МЛАДИТЕ ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

На 9-ти август, петок, Општина Крива Паланка организира отворен ден за сите млади кои сакаат да дознаат како функционира локалната самоуправа, кои се надлежностите на општинската администрација и како се носат одлуките важни за граѓаните и заедницата, во чест на  Меѓународниот ден на младите, 12-ти август.

Младите ќе можат одвнатре и на лице место да видат како функцираат секторите и одделенијата на општинската управа, да се сретнат со градоначалникот Сашко Митовски и да се запознаат со работата и надлежностите на првиот човек на Општината, да видат каде се одржуват седниците на Советот и како се носат одлуките за поквалитетен живот на граѓаните.

Отворениот ден за младите има за цел да ја промовира транспрентноста, отвореноста и колаборативноста на Општина Крива Паланка, но и да ги поттикне младите генерации активно да се вклучат во развојот на општината и да бидат дел од партиципативните и демократски процеси во носењето на најважните одлуки за граѓаните.

Во пресрет на Меѓународниот ден на младите, Општина Крива Паланка организира и концерт на младата поп пејачка Александра Јанева, кој ќе се одржи на 9-ти  август, петок, со почеток во 20 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад, во рамки на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“.

Годинава, Меѓународниот ден на младите се одржува под мотото „Од кликови до напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој“. Во процесот на дигиталната трансформација , младите играат клучна улога во искористуваето на моќта на технлогијата за справување со глобалните предизвици и побрз напредок кон остварување на целите за одржлив развој на ОН.

Крива Паланка – вистински пријател на младите!

Големина на фонт
Контраст