Во НУ Центар за култура, вечерва (13 август), со почеток во 20,00 часот ќе биде отворена изложба на ликовни дела од Маја Андонова Јокиќ.
Изложбата е насловена „Мантра на љубовта“ чија порака е доловување на малите мигови во денот, повеќе љубов, поддршка и поттикнување промени што сакаме да ги видиме во општеството, особено во брзото време на живеење, на изместени духовни и морални вредности.
Маја Андонова Јокиќ е трагач по одговори за човековата душа, вљубеник во јогата, зајдисонцата, изгрејсонцата, облаците, доживувањата што будат, емоциите што ги изразува со свој специфичен сопствен израз.
Изложбата е дел од програмата на Кривопаланечко културно лето и манифестацијта „Крива Паланка -Град на културата 2024“.