Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка повторно беше преполна и новото издание на уличниот фестивал “Баскер фест”.
Уличните артисти и овојпат донесоа магија, илузија, акробации и креативност кои уште еднаш ја воодушевија најмладата публика, која се дружеше со нив и учествуваше во изведувачките точки на забавувачите.
“Баскер фест“ покажа дека е спектакл за детските очи и детските срца на Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка – Град на културата.