Општина Крива Паланка организира концерт на македонската пејачка Наташа Малинкова кој ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад, на 16 август (петок), со почеток во 20,00 часот.
Настапот на една од најатрактивните и најталентираните пејачки на македонската поп сцена е дел од богатата програма на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.
Се очекува концертот на енергичната Наташа Малинкова да донесе уште една музичка вечер исполнета со незаборавни хитови што ја привлекуваат бројната публика.