Изложбата “Портрети и нивните луѓе” од Александра Гедеон од Смедеревска Паланка, Србија, која е поставена во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, понуди нова перспектива на гледање портрети на уникатен и интерактивен начин.
Изложбата беше отворена на необичен начин, а Гедеон ги повика присутните да бидат активени учесници во у метничкиот перформанс.
„Ќе влезете внатре каде што се поставени портретите, ќе земете маски и вечерва ќе станете некој од ликовите кои се наоѓаат таму. Потоа ќе се вратите овде и заедно ќе цртаме некој нов портрет“, објасни уметницата.
Циклусот од 80 впечатливи и импресивни портрети- минијатури прикажува насмеани, восхитени и замислени лица, а секој портрет комуницира со својот гледач преку јазикот на очите, пренесувајќи емоции како тагата, немирот, радоста и самодовербата.
Имаме ретка можност да погледаме нешто несекојдневно и уникатно од повеќе аспекти. Ова е изложба која што плени на прв впечаток, посебно што се работи за портрети кои како уметничка форма постојат веќе пет илјади години, истакна Георги Костовски, историчар на уметност во Градскиот музеј.
Притоа, директорот на музејот Драган Величковски Крива Паланка посочи дека ова е прва изложба на Гедеон во странство, а воедно и прва гостувачка изложба на уметник од друга држава во кривопаланечката музјеската установа.
Изложбата, заедно со иновативниот пристап на Гедеон, не само што го прикажува нејзиниот уникатен стил, туку и ја истакнува културната зрелост на Крива Паланка како град на културата и значајна дестинација во рамките на Кривопаланечкото културно лето.