Насмеани и задоволни над двесте детски лица беа денес сликата од градскиот стадион во Крива Паланка кадешто успешно беше заокружена радосната и забавна спортска дружба на дечињата од градот во рамки на манифестацијата “Фудбал за сите 2024”.
Како и на отворањето,на 19 август, така и денес, градоначалникот Сашко Митовски се дружеше со најмладите, а задоволството на нивните лица беше вистинска потврда дека на спортскиот терен, со фер игра, радоста е загарантирана и поскапоцено од детската среќа нема.
Општинскиот сојуз на училишни спортови Крива Паланка, со наставниците по спорт и спортски активности и физичко и здравствено образование, како и заедно со десетмина млади-асистенти, годинава беше партнер на Општина Крива Паланка во реализацијата на манифестацијата што донесе уште една незаборавна летна недела за учесниците.
Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка продолжува со поддршката за младите и спортот, за здрави, млади генерации.