Општина Крива Паланка е трета во државата “Општина – Пријател на младите”

Општина Крива Паланка е трета во државата “Општина – Пријател на младите” според индексот за социјална инклузија на младите на локално ниво што го спроведува Националниот младински совет со поддршка од ЕУ.

Извештајот од ваквата анализа пристигна како уште едно високо признание за Општина Крива Паланка – општина меѓу најдобрите три во државата по вклученоста на младите во локалните заедници.

Според Индексот, само 4 општини се одлични и се квалификуваат како пријателски настроени кон младите и тоа: Охрид, Гостивар, Крива Паланка и Струмица.

Анализата за високиот индекс на социјална инклузија на младите ги вклучува: пристапот до услуги, информациите, вклученоста на локалните политики, учеството на младите во одлучувачките процеси и процесите на креирање политики. Индексот покажува рангирање на ЕЛС според социјална вклученост на младите, како и добри практики и препораки за подобрување.

Општина Крива Паланка е лидер во Североисточниот регион, каде Кратово е на 6 позиција, Куманово на 19 место, Липково е 26-та, Старо Нагоричане на 68- на и Ранковце на 74- та позиција според индексот на “Општина – Пријател на младите”.
Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија, заедно со партнерите Фондација за развој

на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар.
Проектот „Инклузивни заедници за млади“ е поддржан од Европската Унија.

Големина на фонт
Контраст