Во Крива Паланка одбележан 8 Септември,Ден на независноста

Во Општина Крива Паланка достојно го одбележа Денот на независноста на нашата татковина, Република Северна Македонија. Пред споменикот на борците од НОБ цвеќе положија бројни делегации, делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, делегации од Советот на Општина Крива Паланка, од политички партии, национални и локални институции.

Со положување на цвеќе пред споменикот на борците од НОБ пред зградата на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка беше оддадена достојна почит кон сите наши предци вградени во историјата на денешната самобитност и слобода.

8 Септември, Денот на независноста, е симбол на македонската обединетост во идејата за независна и суверена држава.

Големина на фонт
Контраст