Почитувани граѓани на Општина Крива Паланка,
Ни претставува огромно задоволство да Ве информираме дека започнуваме постапка за изработка на Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) за Општина Крива Паланка за периодот од 2025 – 2031 година. Во изминатиот период претставници од општината и консултантскиот тим од Г-КОНСАЛТ ДООЕЛ Скопје одржаа состанок, на кој се дадоа насоки за изработка на овој особено битен стратешки документ за подобрување на животната средина на општина Крива Паланка. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.
Вклучувањето на јавноста во изработката на овој стратешки документ е од суштинско значење!
За таа цел ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во изработката на Локален еколошки акциски план (ЛЕАП) за 2025 – 2031 година и на тој начин да учествуваат во мапирање на приоритетните еколошки проблеми. Тие може да го дадат своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку следниот линк:
ЛЕАП на Општина Крива Паланка (google.com)
Очекуваме јавноста да го изрази своето мислење преку пополнување на анонимниот анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина во Општина Крива Паланка што може да се најде на линкот погоре.
Исто така, ги охрабруваме граѓаните, кои сакаат активно да учествуваат со свој придонес во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАП, да се пријават и да ги остават своите податоци во Општина Крива Паланка.