Спортскиот комплекс во Крива Паланка од денес е збогатен со уште една нова содржина што ќе ги израдува љубителите на фудбалот, првиот терен за мал фудбал со вештачка трева во градот.
Завршено е уредувањето на теренот изграден на површина површина од 924 метри квадратни, со поставени соодветни градежни материјали, вештачка трева со стандардизиран квалитет: висина и густина на влакно на самиот полиетиленски материјал на тревната површина, поставени се фудбалски стативи и ограда во висина од четири метри.
Вкупната инвестиција изнесува 3.617.812 со ДДВ што Општина Крива Паланка ги вложува од тригодишната Развојна програма на општината, создавајќи нови можности за развој на младите генерации.
Од денес сите љубители на фудбалот можат да спортуваат на првиот терен за мал фудбал во Крива Паланка, со кој, заедно со сите инвестиции во спортот, уредување на спортски содржини и урбана инфраструктура, општината ја покажува својата посветеност на развој на спортот, развој и унапредување на условите за напредок на младите и условите за развој на нови спортски таленти.
Во изминатиот период на спортскиот комплекс во Крива Паланка беше поставена фитнес зона на отворено, проект вреден 3.000.000 денари обезбедени од Агенцијата за спорт и млади, преку Швајцарската влада, УНДП и Министерството за локална самоуправа изградена е памп трака за велосипеди, 4.000.000 денари, поставено е ново осветлување во спортската сала “Бранители 2001”, а во тек е реализација на проектот за уредување на првиот парк за миленици на локацијата кај спортскиот комплекс, надополнет со ново детско катче, за што од Развојната програма на Општина Крива Паланка ќе бидат вложени 3.800.000 денари.
Вкупната сума инвестирана за инфраструктура на спортскиот комплекс во градот за неполни три години изнесува 14.4 милиони денари, додека во изградба, уредување и реновирање на спортска инфраструктура во Општина Крива Паланка во изминатите три години изнесува околу 41 милион денари.
Дополнително за инвестирање во спортот и поддршка на спортските здруженија и спортски работници, годишно Општина Крива Паланка издвојува и вложува од Програмата за спорт, 2.5 милиони денари заедно со вложувањето во општинскиот клуб во мал фудбал КМФ “Осогово” што од оваа година ќе се натпреварува во Првата македонска футсал лига.