Во заседание на иницијативниот одбор за организирање на Локалното собрание на млади, денеска се оддржа Конститутивната седница на локалното собрание на млади во Општина Крива Паланка.
Од редовите на членовите, кои беа номинирани од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, по распишаниот Јавен повик за членство во Локално собрание на млади од страна на општина Крива Паланка, беше избрана тричлена верификациона комисија, која беше одговорна за следење на целокупниот процес на изборот на членови во Локалното собрание на млади.
Согласно критерумите за избор, за претседавач на Локалното младинско собрание е избрана Ангела Илиевска од РЦС „Спектар“, а за членови на Комисијата на следење на избор на членови на Совет на млади се избрани : Матеј Ѓогиевски, Сара Ѓоргиевска и Ања Михајловска.
Следна активност на локалното собрание, согласно Законот за младинско учество и младински политики, е да распише Јавен повик и да избере членови на Локалниот младински совет на Општина Крива Паланка. Одлуката за распишување Јавен повик за членство во Локалниот младински совет ќе се донесе на наредната седница на Локалното собрание за млади.
Службеникот за млади во општина Крива Паланка, Даниела Милошевска им посака успех во работата на учесниците на конститутивната седница и им порача дека, Советот на млади ќе има важна улога во креирањето, функционалниот развој и спроведувањето на локалните политики и нивно интегрирање во институциите при донесувањето на одлуките. Така младите ќе имаат можност да креираат еден попродуктивен активизам и да партиципираат со свои идеи и практики во сите пори на опшественото живеење.