На 30 септември, со почеток во 13,00 часот, во големта сала на Општина Крива Паланка, ќе се одржи свеченост на која ќе му биде врачено признанието на лауреатот на 16-то издание на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“, Никола Ристановски. Овогодинешниот лауреат е познат како најтрофеен македонскиот актер, кој се истакнува со бројни улоги, извонредни актерски остварувања во земјава и регионот и со голем број награди и признанија.
За неговото творештво и актерско остваруваќе ќе говорат Гоце Ристовски, публицист, театарски критичар, драмски автор, писател и новинар и Благоја Чоревски, актер и претседател на Театарскиот фестивал.
На свеченоста ќе биде промовирана и монографијата „Со театар до Балкан без граници“ , по повод 15 години Интернационален театарски фестивал, од авторот Гоце Ристовски,кој е хроничар на театарската програма. Промотор на ова вредно издание ќе биде Глигор Стојковски, публицист, новинар, поет и издавач.