На шестата фестивалска вечер на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“, настапија веќе докажаните актери од Народниот театар „Стерија“ од Вршац, Србија, долгогодишни учесници и пријатели на тетарскиот фестивал.
На кривопаланечката публика годинава и се претставија претставата “Симпатија и антипатија”, која донесе ново освежување со познатата тема за предрасудите во општествените констелации, карактеристично за драмите на Стерија.
Дејствието во претставата беше насочено кон фактот на што се е подготвен човек само за да се избори за љубовта, во овој случај забранетата љубов помеѓу двајца млади.
Публиката уживаше во интересните заплети и со аплауз ја награди победата на љубовта, а гостите од збратимениот Вршац добија уште едно признание од нашиот театарски фестивал.
Продолжуваме со седмата фестивалска вечер (трети септември) и претставата “Заеднички стан” на “Призор плус” од Белград.