Денес, во голема сала на општината, со почеток од 9 часот беше одржана јавна презентација на Урбанистички план за вон населено место за изградба на викенд населба во КО Бс и КО Кркља мв.Калин Камен, Општина Крива Палабнка. Овој плански опфат кој е со површина од 7,365 ха, опфаќа 49 градежни парцели со намена А4.3- семејни куќи за времен престој и една градежна парцела со намена Б3.1-ресторан. Покрај овој урбанистички план со кој Калин Камен ќе добие можност за иден развој, општината работи и на Урбанистички проект за водовод во должина од 14 км кој со зафаќање на 4 нови извори, ќе овозможи водоснабдување на населението со квалиетна вода за пиење на овој дел, опфаќајќи ги КО Варовиште, КО Бс и КО Крља.
Општината работи и ќе продолжи да работи на подобрување и развој на своите туристичките потенцијали.