Поствување на контејнери за  селективен отпад

Надлежните служби при Општина Крива Паланка во соработка со општинското јавно  комунално претпријатие Комуналец, во централното градско подрачје ,долж главната улица  Св. Јоаким Осоговски вршат поставување на соодветни контејнери за селективен отпад од   хартија и пластика.

Контејнерите се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и истите  се со зафатнина од 1,1м3   при што пластичните контејнери со сина боја се за хартија, картони, тетрапак  амбалажа  додека жолтите контејнери се за пластичен отпад како пластични шишиња, пластични чашки  и друг вид на слична пластика.

Дел од новите контејнери ќе ге ги заменат и старите метални кафези  за пластика и  хартија.

Се молат граѓаните во садовите  наменети за селекција на наведените видови  на отпад  да не фрлаат односно одлагаат комунален отпад освен отпадот за кој се наменети истите.

Граѓаните мешаниот комунален не селектиран отпад задолжително да го одлагаат во металните контејнери или пак во зелените контејнери.

Најстрого е забрането одлагање на пепел во пластичните контејнери.

Согласно законската регулатива секој создавач на отпад должен е примарно да го селектира отпадот и истиот да го одлага во соодветно поставените садови.

 

Големина на фонт
Контраст