За првпат во историјата, општина Крива Паланка од сопствени средства обезбеди бесплатни училишни униформи за вкупно 1860 ученици од основните и средни училишта.
Ова е уште една мерка на Општината со која директно им се помага на родителите и учениците.
Од оваа учебна година 2024/2025 година, за сите ученици се обезбедени бесплатни униформи, изработени од најквалитетни памучни материјали и бои, кои ќе можат да се носат во текот на целата учебна година.
Со релизација на оваа мерка, локалната самоуправа пред се имаше цел да се олесни финасискиот товар на семејствата и воедно да се изврши влијание врз рамноправноста, поради отстранувањето на општествена сегрегација, со што се влева чувство на припадност и се намалува и класната разлика која се создава помеѓу учениците.
Учениците со радост и воодушевување ја прифатија новата училишна облека.
Општина Крива Паланка продолжува да вложува и инвестира во училиштата и посветено работи на подобрување на условите за учење.