Со свечена седница на Советот на општината, денеска беше одбележан Денот на ослободувањето на Крива Паланка „8-ми Октомври“ и 80 години слободна Крива Паланка.
На Свечената седница, градоначалниците, Сашко Митовски и Слободан Миленковиќ потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Општина Крива Паланка и град Врање, а во продолжение на Седницата беше потпишана и Иницијатива за воспоставување на соработка помеѓу Општина Крива Паланка и град Бузет Р.Хрватска, со цел воспоставување и развој на меѓусебни економски, културни и други општествени односи, а во насока на потикнување и развој на локалните заедници.
Во рамки на Свечената седница, од страна на Советот беше усвоена Oдлука за доделување на наградата „8-ми Октомври“ и наградата „Признание за промоција и развој на Општина Крива Паланка“ за 2024 година
Денот на ослободувањето на Крива Паланка „8-ми Октомври“ се одбележува со богата дводневна Агенда и повеќе општински свечености, на кои ќе присуствуваат голем број гости од општината, од соседните и од збратимените градови од другите држави.
На Свечената седница, поздравен говор и осврт на досегашната историја и реализираните проекти, вложените инвестиции и резулатати од сите области, одржа градоначалникот Сашко Митовски, кој нагласи дека работата за нашиот град е најголема негова обврска и израз на првзаност и посветеност на секоја нова иницијатива, секој проект и нова идеја.
„Местото што го нарекуваме дом, не инспирира и обврзува да создаваме, а љубовта и почитта се вредности што ќе не водат по тој пат. Градот е велат силен, толку колу што се силни и неговите граѓани и затоа ајде сите заедно да работиме и да градиме мостови кои не поврзуваат и сплотуваат, а не бедеми кои не разделуваат, беше пораката од обраќањето на градоначалникот Митовски.