Свечено одбележани 80 години од независноста на Крива Паланка

На свечена академија во Крива Паланка беа доделени највисоката општински награди и признанија, кои се доделуваат за посебни заслуги за афирмација и промоција на општината во национални и меѓународни рамки.

Наградите се доделуваат по повод 8-ми Октомври, денот на ослободување на општината, а ги додели градоначалникот на Општина Крива Паланка,Сашко Митовски.

Овогодинешниот добитник на главната Осмооктомвриска награда е Г-дин Срѓан Захариевски, тренер -стратег на ФК Вардар и спортски амбасадор, за неговата континуирана афирмација на Крива Паланка и државата  во интернационални рамки.

Наградата Признание  за особено постигнување и придонес за развојот и афирмацијата  на Општина Крива Паланка“ во чест на празникот на Општината „8-ми Октомври“ беше доделена на Проф.др.Николај Валканов – сопственик на „Минстрој Холдинг“  за знајниот  придонес на оваа компанија во развојот на локалната економија, како најголем работодавач и концесионер во Општина Крива Паланка.

Осмооктомвриски признанија за промоција и развој, како и благодарници добија:

  1. Др. Ацо Младеновски, спец. по гинекологија и акушерство за неизмерен придонес во областа на  здравството,  здравствената едукација и подигањето на свеста за женското здравје во Крива Паланка ;
  2. Др. Горан Младеновски , спец. по гинекологија и акушерство , за неизмерен придонес во областа на здравството,  здравствената едукација и подигањето на свеста за женското здравје во Крива Паланка ;
  3. Др. Даниел Милковски, спец. по гинекологија и акушерство, за огромен придонес во здравствената поддршка и унапредување на здравјето на граѓаните од Крива Планка;
  4. Др. Душан Петковски , спец.кардиолог за огромен придонес во здравствената поддршка и унапредување  на здравјето на граѓаните од Крива Паланка ;
  5. Др. Грети Јакимовска , спец. дерматовенеролог за огромен придонес и хуманост при помош и поддршка за   унапредување  на здравјето на граѓаните од Крива Паланка ;
  6. Др.Емил Стоицовски, спец.анестезиолог за за огромен придонес во здравствената поддршка и унапредување на здравјето на граѓаните од Крива Паланка ;
  7. Г-дин Злате Јовановски , полковник во пензија за особен придонес за безбедноста и благосостојбата на кривопаланчани, особено во кризни состојби ;
  8. Г-дин Бранко Трајановски , началник во пензија за особен придонес за безбедноста и благосостојбата на кривопаланчани, особено во кризни состојби.
  9. Распеани Паланчани , за зачувување и афирмација на традицијата  и културното наследство  на Крива Паланка ;
  10. Фестивал на детска песна „Распеано симитче“ ,за промоција на музичките вредности и афирмација на младите таленти од општината;
  11. КМФ „Осогово 2022“,за промовирање и развој на спортот Крива Паланка  и особени достигнувања на национално ниво ;
  12. Блог „Градот со вкус на симит“ и г-дин Роберт Крстевски , за промоција на кривопаланечката историја, културниот идентитет и традиција на градот ;
  13. Компанија „Универзал-С “ и г-дин Горан Стојковски , за придонес во развојот на локалната економија и унапредување и вложување во нови технологии.

На свечената академија настапија Андријана Јаневска и Драган Мијалковски, а активностите за одбележување на денот на ослободување на Крива Паланка, 8-ми Октомври завршија со манифеставијата „Шопска софра“.

Големина на фонт
Контраст