По повод одбележувањето на 8 Октомври – Денот на ослободувањето на Крива Паланка, почит на борците кои ги положија своите животи и ја извојуваа слободата, им оддадоа делегацијата од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, од Советот на општината, предводена од претседателката Изабела Павловска, од советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, како и бројни делегации од амбасади, државни и локални и институции, јавни претпријатија, сојуз на борците, здруженија на граѓани и граѓански организации и општини-пријатели на Крива Паланка.