Општина Крива Паланка во соработка со колективниот постапувач Елколект Доо Скопје како и општинското ЈП ,, Комуналец продолжува да создава услови за одржливо управување со електричен и електронски отпад , овој пат надополнувајки ја односно зголемувајки ја постоечката инфраструктура со нов собирен центар за т.н е-отпад.
Друштвото за управување со отпад ЕЛКОЛЕКТ е национален лиценциран постапувач со отпадна електрична и електронска опрема како и отпадни батерии и акумулатори и истото е повеќе годишен партнер на Општина Крива Паланка за исполнување на националните цели за циркуларна економија и соодветно одржливо управување со Е-отпадот ,преку обезбедување и воспоставување на соодветен функционален собирен систем за овој вид на отпад ,а со основна цел заштита на животната средина , животот и здравјето на луѓето и зачувување на природата.
Собирниот центар е поголем контејнерски објект поставен покрај магистралниот пат , на влезот во градот – кај почетокот на регулациониот ѕид на Крива Река односно ( спроти ф-ка Карпош преку Крива река).
Наместо фрлање на електронскиот отпад – неисправните електрични и електронски уреди и апарати во природата , во реките или покрај и во контејнерите за комунален отпад сега граѓаните имаат уште една локација за одлагање на овој вид на отпад.
Продолжуваме заедно да создаваме услови и соодветно да се грижиме за животната средина.