Општина Крива Паланка активно се вклучи во натпреварот помеѓу општините во Македонија “Адреналинско шоу-ТРИУМФ” кое се емитува на You Tube каналот на Лазаров и платформата „GLEY“.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски денес во својот кабинет имаше средба со општинскиот победнички тим на првото “Адреналинско шоу-ТРИУМФ”, каде беа присутни и организаторите и реализаторите на шоуто: Стефан Лазаров, Петар Младенов и Димитар Атанасовски.
Тимот што ја претставуваше Општина Крива Паланка беше избран согласно правилата на организаторот и во него беа вклучени нашите млади и храбри ентузијасти: Викторија Бошковска, Петар Стоилковски и Андреј Ваневски.
По сите елиминации, победи и порази на тимовите од вкупно 15 општини, тимот од Општина Крива Паланка победнички влезе во финалето и ја освои титулата – Шампиони во првата сезона на ТРИУМФ. Од самиот почеток на шоуто кривопланечкиот тим доминираше и победничкиот дух го покажаа уште во првата епизода од шоуто, потоа во полуфиналето беа први полуфиналисти, за да на крајот од првата сезона ја зедоа наградата од 3000 евра и ја освоија титулата-Шампиони на Трумф.
Во финалната епизода, нашите натпреварувачи беа изложени на екстремни каскадерски предизвици и сериозна опасност, каде се соочија со тешки физички предизвици, тестирајќи ја својата физичка сила и издржливост, ментанта острина и спретност, како и тимската работа со јасно дефинирана цел – победа!
Идејата на шоуто е да промовира и покаже, дека имаме здрава спортска нација со извонреден капацитет, дека имаме прекрасни млади личности кои работат на себе, на нивните интелектуални, здравствени и физички перформанси, постојано, континуирано надградувајќи се, изјави Дарко Перушески, извршен директор на Gley.
Во рамки на оваа пријатна средба со младите етузијасти, градоначланикот Митовски изјави: „Додека светот се менува со невидена брзина, младите луѓе постојно ни докажуваат дека се непроценлива движечка сила, динамични и проактивни со енергија-двигател на која се базира развојот на локалнта заедница и секое општеств