Втора форумска сесија од Буџетскиот Форум во Крива Паланка

Се оддржа втората форумска сесија од Буџетскиот форум во општина Крива Паланка, во атриум салата во зграда „Партизан“ при ООУ ,,Јоаким Крчовски“.

На втората форумска сесија граѓаните имаа можност да се запознаат со процесот на буџетирање и воедно проследија презентации на неколку оперативни родово одговорни буџетски програми за 2025 година.

Од Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, беа презентирани, предлог  Програма за изработка на урбанистички планови  во Општина Крива Паланка и предлог  Програма за заштита на животна средина на во Општина Крива Паланка за 2025.

Од Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија, присутните ја  проследија презентацијата на Програмите за Спорт, Образование, Социјална, детска и здравствена заштита и Програмата за Млади.

Од страна на присутните се разви дискусија за расходите на презентираните оперативни годишни буџетски Програми, по кои граѓаните имаа можност да дискутираат по предлозите на општината, а исто така  дадоа и свои конкретни предлози по соодветните програми.

Целта на организацијата на форумот е одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година, детектирани од граѓаните, а Општина Крива Паланка почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети, ќе ги предвиди за реализација.

Големина на фонт
Контраст