П О К А Н А
,,Родово Одговорен Буџетски Форум,,
Почитуван-а,
Ве покануваме на третата форумска сесија од буџетскиот форумски процес во Општина Крива Паланка, која ќе се одржи во вторник на 29.10.2024г. во атриум сала на ООУ ,,Јоаким Крчовски,, зграда Партизан со почеток во 12 часот.
На оваа фоумска сесија ќе бидат презентирани и дискутирани расходите на дел од предлог годишни оперативни буџетски програми на општината за 2025 година. Граѓаните ќе имаат можност да го кажат своето мислење по предлозите на општината но и да ги дадат своите предлози и видувања.
Форумот има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби и приоритети на граѓаните и граѓанките.
Гордана Ристовска, [email protected], 071 334 453
Лидија Митовска, [email protected] , 076 337 445
Прилог: Дневен ред
Вашето директно учество и придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година е од голема важност и интерес за целата локална заедница.
Бидете поздравени!
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски