Градоначалникот Сашко Митовски денес присувствуваше на поставувањето на камен темелникот на првата колективна зграда во Крива Паланка, која треба да го реши станбенто прашање на стотина кривопаланчани.
Ова е прва приватна инвестиција во градот со вкупно 100 стамбени единици, со интегриран деловен простор и паркинг. Инвеститор на објектот е ДПТУ „Бен 22 Констракшн“ ДОО Куманово.
Инвестицијата за колективениот станбено деловен објект се протега на две градежни парцели со вкупна површина од 10 000 м2.
Според проектот, зградата ќе има 7 ката (нивоа) предвидени само за домување со површината од 9 121 м2, а во сутеренскиот дел се испроектирани и 1 кат за деловен простор со површина од 1 513м2 и 3 ката паркинг простор за сопствениците. Со проектот се предвидени и 2.164 м2 површина за надворешна комуникација и паркинг простор.
Кривопаланчани покажаа голем интерес за изградбата на овој станбено деловен објект, зошто домувањето беше еден од приритетните проблеми со кои се соочуваа нашите сограѓани, особено младите од локалната заедница, а донесувањето на новиот ГУП од страна на општината, е најголемата придобивка за граѓаните, како и можност за современ и урбан развој на градот.