Во зграда „Партизан“ при ООУ ,,Јоаким Крчовски“, денес се оддржа третата Форумска сесија од Буџетскиот форумски процес за подготовка на буџетот за 2025 година, на која со своето активно учество во креирањето и реализацијата на општинскиот буџет учествуваа граѓани, невладини организации, претставници од месните заедници, преставници од јавните дејности-од образовние, спорт, социјална заштита и култура и други заинтересирани членови на локалната заедница.
Раководителката на сектор, Даниела Велковска и раководителот Никола Граматиков на приситните им ги презентираа Предлог програмите за изградба, реконструкција и одржување на локална, водоводна и канализациона мрежа за 2025, Предлог програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа, како и Предлог програмата за активности на Општина Крива Паланка во областа на образование, Предлог програма за активностите на Општина Крива Паланка од областа на спорт и Предлог програма за култура за 2025.
На третата форумска сесија, граѓаните активно учествуваа со дискусии, лични согледувања и предлози за одреден дел од буџетските програми, за приоритетите за развој на општината за 2025 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.