Резултати од најновата теренска анкета за јавно мислење на граѓаните за работата на Општината, општинската админстрација и на Градоначалникот

Агенцијата „Рејтинг“, во периодот од 26 до 28 септември спроведе теренска анкета за довербата на граѓаните за работата на Општината, општинската админстрација и на Градоначалникот.

Според резултатите од анкетата, мнозинството граѓани сметаат дека Општина Крива Паланка се движи во позитивна насока, а испитаниците сметат дека локалната самоуправа на чело со градоначалникот Сашко Митовски ги превзема вистинските чекори и затоа искажале висока доверба и поддршка на политиките и работењето на градоначалникот Сашко Митовски.

Оваа висока поддршка од граѓаните е мотивирачка и обврзувачка, како и поттик за Градоначалникот и  Општината да се продолжи  со посвететна и одоворна работа за поубава и просперитетна Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст