Во пресрет на зимската сезона, во Општина Крива Паланка се оддржа редовен работен состанок во врска со општинската Програма за зимско оддржување на улиците, тротоарите и локалните патишта.
На состанокот присувствуваа преставници на сите надлежни служби задолжени за оддржување на патиштата, кои дискутираа за техничката опременост и ресурсите за навремените подготовки за зимската сезона.
Во рамки на состанокот беше потенцирана и потребата од навремено информирање на граѓаните за официјалниот почеток на зимската сезона и мерките кои се превземаат од страна на надлежните служби, а кои се однесуваат и на примереното однесување на сопствениците на возила, што значи навремено остранување на возилата од тротоарите и јавните поврчини во услови на снежни падавини, заради непречено поминување на возилата за чистење и другите мерки кои се превземаат од страна на службите.