Во период од 14 до 16 ноември 2024 година, делегација од општина Крива Паланка претставена од страна на командирот на територијалната противпожарна единица – Иле Коцевски и раководителот на одделението за човечки ресурси – Игор Додевски, заедно со делегациите од Општина Куманово, Општина Охрид и Општина Тетово ја постија Областа Тирол – Австрија.
Посетата беше организирана од страна на Амбасадорот на Австриската амбасада во Скопје Г-дин Мартин Памер. Целта на посетата беше увид во организацијата, работата и функционирањето на противпожарната служба во регионот Тирол, а воедно беа разменети и искуства и можности за воспоставување и развој на соработката.
Беа посетени специјализиранoто училиште за обука на пожарникари, неколку доброволни противпожарни станици, локални самоуправи и регионална канцеларија на областа Тирол. Во наредниот период воспоставената соработката се очекува да се унапредува.