Одржана прва седница на новоформираниот Совет на млади на Општина Крива Паланка

Денес во Општина Крива Паланка беше одржана првата седница на членовите на новоизбраниот Совет на млади на Општина Крива Паланка – советодавно тело на Општината, кое има за цел да ги застапува интересите на младите.

Членови на Советот на млади се Сара Стојановска, Михаела Јанковска, Никола Митовски, Анастасија Илиевска и Нина Стојановска, чие членство е верификувано од страна на Советот на Општина Крива Паланка со Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на млади.

На првата седница за претседател на Советот на млади беше избрана Михаела Јанковска,  заменик претседател е Сара Стојановска, а за записничар е избрана Анатасија Илиевска.

Советот на млади е неформално советодавно тело на Советот на Општина Крива Паланка, основано заради подобрување на положбата и решавањето на проблемите младите на локално ниво, кое редовно ќе ги добива матријалите за седниците на Советот и сите нивни предлози, прашања, идеи и сугестии ќе бидат приоритет за решавање од страна на советниците.

Големина на фонт
Контраст