Јавен повик за доделување на награда „Земјоделец/ка за 2024 година во Општина Крива Паланка“

Врз основа на член 36 став (1) точка 15 од Закон за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.05/02) и член 14 , став(1), точка 10 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23 ,05/23, 14/23 ,05/24 и 09/24), а во врска со Програмата за локален економски развој на Oпштина Крива Паланка за 2024 година бр.09-5620/13 од 07.12.2023 година,согласно Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за доделување на наградата „Земјоделец/ка во Општина Крива Паланка“ бр.09-5684/21 од 14.11.2024 година, како и Одлука за давање согласност за доделување на награда „Прогласување на најуспешен земјоделец/ка за 2024“ во Општина Крива Паланка бр.09-5684/23 од 14.11.2024 година.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДА „ЗЕМЈОДЕЛЕЦ/КА ЗА 2024 ГОДИНА ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА“

 

Општина Крива Паланка,на ден 21.11.2024 година објавува Јавен повик за прогласување на Земјоделец/ка за 2024 година на Општина Крива Паланка.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО:
На Јавниот повик за прогласување на Земјоделец/ка за 2024 година на Општина Крива Паланка, можат да се пријават физички лица со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка, кои се регистрирани или евидентирани земјоделски производители во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ПРИЈАВУВАЊЕ:
Заинтересираните кандидати за учество на Јавниот повик за прогласување на Земјоделец/ка за 2024 година на Општина Крива Паланка, можат да поднесуваат пополнета пријава по пошта или со достава на архивата на Општина Kрива Паланка.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
За учество на  Јавниот повик за проглас ување на Земјоделец/ка за 2024 година на Општина Крива Паланка, заинтересираните кандидати потребно е да поднесат:

–           Пополнета пријава(задолжително)
–           Решение за упис во ЕРЗС издадена од МЗШВ ПЕ Крива Паланка(задолжително)

Дополнителни документи:
–           Решение за регистриран примарен производител на храна – издадена од АХВ (*во случај кога ЗС е регистирано како примарен производител на храна за продажба од праг)
–           Фотокопија од Сертификат за органско производство
(*во случај кога ЗС има органско приозводство)

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објава на Јавниот повик,односно не подоцна од 06.12.2024 година  14:00 часот, по пошта или во архива на следната адреса: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ул.Св.Јоаким Осоговски бр.175 1330 Крива Паланка,

Доставените документи да бидат во затворен коверт со назнака  за ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДА  „ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ/КА ЗА 2024 ГОДИНА ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА“

Лице за контакт:
Валентина Ангеловска,
Советник за ЛЕР, меѓународна и регионална соработкa,
076-337-448
електронска пошта: [email protected]

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски

ПРАВИЛНИК
ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Големина на фонт
Контраст