Во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка денеска се одржа Комеморативна седница во чест на Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Општина Крива Паланка.
Комеморацијата ја отвори претседателката на Советот на Општината-Изабела Павловска, а пред присутните, со проштален говор и последен поздрав се обрати градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Од името на колегите, од последното работно место на почитуваниот Мицевски, образовено едукативниот центар „Семос едукација“, се обратија дел од неговите најблиски соработници, коолеги и пријатели, извршната директорка Валентина Тасева и Елена Димовска.
На почетокот на седницата, соработниците, пријателите и другите присутни, членови на семејството, поранешни носители на највисоки државни функции…..со едноминутно молчење, му оддадоа почит на поранешниот градоначалник Мицевски.
Борјанчо Мицевски ја предводеше општината во периодот од 2017 до 2021 година, а ќе остане запаметен по длабоката посветеност на развојот на градот и предаденоста на потребите и интересите на граѓаните.
Основно и средно образование го заврши во родниот град Крива Паланка, а дипломирал на ПМФ во Скопје, насока хемија, во 1996 година. По дипломирањето има работено на повеќе работни позиции: во невладиниот сектор, како претседател на Регионалниот центар за одржлив развој Кратово, в.д директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, член на Советот на Општина Крива Паланка и друго. Смртта го затекна на работнто место во Образовен едукативен центар „Семос едукација“, на позицијата менаџер за развој на бизнис.
Како член на СДСМ ги минува сите скалила во партијата, бил претседател на Општинската организација во Крива Паланка, а градоначалник на Општина Крива Паланка станува на локалните избори во 2017 година.
Мицевски беше посветен сопруг на Слаѓана и предаден татко на две прекрасни деца, ќерката Горјана и синот Матеј.