Општина Крива Паланка ги реализира завршните градежни активности за реконструкција и рехабилитација на локален пат покрај Скрљавски дол.
Со овие градежни активности што Општина Крива Паланка интензивно ги спороведува на терен, се олеснува пристапот на локалното население до своите приватни домови и имоти, а исто така го подобрува квалитетот на живеење на населението од овој реон во градот.
Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од општинскиот буџет преку Развојната програма.