Доделена втора награда за ГУП на град Крива Паланка на Меѓународен Салон за Урбанизам во Бијелина

Во рамки на традиционалната годишна манифестација која се оддржа по 33ти пат: Меѓународен Салон за Урбанизам во Бијелина од 08-13.11.2024, организирана од Здружението на урбанисти на Србија а која претставува смотра на најзначајните, актуелни остварувања во областа на просторното и урбанистичкото планирање, урбанистичко проектирање и реализација, Агенцијата за планирање на просторот од пријавените четири, во конкурекција од 144 доставени трудови, освои:

– Втора награда (прва не е доделена): Генерален урбанистички план за град Крива Паланка (2019-2029), во авторство на: м-р Маја Доновски Лукаревска, Боро Петковски, Ана Пижула Ефкоски, во категоријата: Генерални урбанистички планови и Планови со генерална регулација, во конкуренција од 8 доставени трудови.

Ова е доказ дека град Крива Паланка конечно доби квалитетен Генерален урбанистички план од кој зависи идниот развој на градот.

ИЗВЕШТАЈ

Големина на фонт
Контраст