Повик за ЈАВНА РАСПРАВА

 На ден 15.01.2010 година (петок) со почеток во 12,00 часот во големата сала на Општина Крива Паланка ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА за:

1. Реконструкција на постојниот инсталиран систем за јавно осветлување во градот Крива Паланка;
2. Реконструкција на градската и приградската водоводна мрежа во градот Крива Паланка, со замена на азбесните и цементни цевки со полиетиленски цевки;
3. Замена на постојните водомери со нови во градската и приградската водоводна мрежа во градот Крива Паланка;
4. Изградба на мини хидроцентрали на цевководот Калин Камен – Крива Паланка (резервоар) и на цевководот с. Станци (фабрика за вода) – Крива Паланка.

Излагачи на јавната расправа ќе се стручни лица од соодветната област и организаторот Општина Крива Паланка.

Ве молиме за активно учество во расправата.

                                                                          ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                       Градоначалник
                                                                       Дипл.правник Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст