Прекрасни мурали исцртани на потпорните стени покрај магистралниот пат А2, го облагородија и му дадоа душа на просторот под Шанин мост
Ова e најфрекфентното подрачје во градот, кое сега доби сосема поинаков урбан лик со новите уникатни мурали, на кои се ицртани најзначајните културни обележја на Крива Паланка, инспирирани од традицијата, занаетите и духовноста на кривопаланчани.
Новите слики и секако и новогодишното украсување, на кое деновиве интензивно се работеше, го привлекуваат окото на секој патник, на минувачите и на децата, а задоволството од граѓаните е очигледно и секојневно се потврдува со нивните најпозитивни коментари.