Денес во Општина Крива Паланка беше одржана Регионална прекугранична конференција, што е завршен настан од проектот „Земја на легендите“. Овој проект е кофинансиран од Европската Унија, како дел од финансискиот инструмент за претпристапна помош ИПА II за прекугранична соработка Програмата Србија – Северна Македонија 2016-2020, а Општина Крива Паланка, како носител на проектот, го реализираше во партнерство со збратимениот Град Лесковац, Република Србија.
Во рамки проектот „Земја на легендите“ беше реализирана инвестициската компонента, каде се изврши партерно уредување, поставување урбана опрема, детско игралиште, помошни објекти, тремови и пристапни за лицата со попречености во т.н. културно- историски локалитет Градец-локацијата кај училиштето во с. Градец.
Во делот на неинвестициските активности, изработена е Е-публикација за културно историско наследство, изготвен е заеднички прекуграничен маркетинг план за комуникација и видливост на терен, креирана заедничка туристичка понуда и изработени се дрвени држачи за летоци, кои ќе бидат поставени на атрактивни локации во двата партнерски града.
Со реализацијата на овој проект ќе се прошири интегрираната туристичката понуда на двата региони, а со тоа ќе се промовира и културно-историско наследство и традиција на град Лесковац и Општина Крива Паланка.
Ова е втор проект на Општина Крива Паланка заедно со Град Лесковац, што произлезе како идеја благодарение на успешната соработка со Лесковац, воспоставена со реализираниот проект „Да ги поврземе бисерите“.