По повод Денот на човекови права – 10 Декември, во Општина Крива Паланка се одржа завршен настан од проектот „Пристапна и отворена општина“ што го спроведува Здружението за лица со попреченост „Хендикеп плус” во соработка со Општина Крива Паланка и со финасиска поддршка од страна на Бугарската агенција за помош и развој.
На завршниот настан, покрај координаторите на проектот, присувствуваа и Претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, како и амбасадорот на Р. Бугарија, Жељазко Радуков, кои имаа свое обраќање во кое искажаа искрена поддршка и благодарност на здружението „Хендикеп плус“, за нивните активности и успешната реализација на проектот „Пристапна и отворена општина“.
Во рамки на овој проект, Општина Крива Паланка го адаптираше Статутот во пристапен и отворен формат со Браево писмо и адиуо формат за потребите на лицата со попречености и стана единствена општина во Балканот со Статут на знаковен јазик.
Исто така, за прв пат во државата, токму во Општина Крива Паланка беше формиран и Совет на лицата со попреченост, како советодавно тело на Советот, за прашања кои се однесуваат на заедницата со попречености, а преку кој се поднесени повеќе иницијативи и предлози, а за прв пат општината има вклучено и лица со попреченост во Советот за социјална заштита при општината.
Со реализација на овој проект, локалните политики се креираат, согласно обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.