Во општина Крива Паланка денес се одржа Форум за утврдување на приоритети за работа на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕЕС), што неодамна беше основан со Одлука на Советот на општината.
(ЛЕЕС) Крива Паканка е формиран во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“, на Младинскиот културен центар – Битола, а поддржан од Меѓународниот центар Олаф Палме од Шведска со цел, да се овозможи дијалог на Локалниот економско-социјален совет на општина Крива Паланка со локалната заедница.
Целта на денешниот настан-форумот, беше да се зајакне и поддржи работата на ЛЕСС на Општина Крива Паланка, да се генерираат идеи и направи приоритетена листа на проблеми и потреби што ќе бидат вклучени во програмата за работа на ЛЕСС, Крива Паланка за наредната година.
Како што беше речено, од страна на преставници на општинската администрација, Локалната самоуправа несебично ќе ги поддржува сите програмски активности кои се составен дел од ЛЕСС и врз база на произнесените идеи, сугестии и предлози силно фокусирани, заеднички, согласно реалните потреби на граѓаните ќе се овомозможи до израз да дојдат ресурсниот потенцијал во процесот на креирање јавни политики, а со тоа и развој на локалната средина.